Вести Македонија Топ вести

Недела на протести – синдикатите на улица ќе бараат повисоки плати

Различни професии но со исто барање – зголемување на платите.Незадоволни од ниските примања в петок гласот ќе го кренат синдикатите на здравствените работници, фондот за здравствено осигурување, вработените во судската и обвинителската администрација. Додека расте револтот кај вработените, вицепремиерот Битиќи смирува, промените не се случуваат преку ноќ.

„Немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравството, при тоа ако имаме здравствени услуги соодветни за нашите баби и дедовци, родители, за нас самите.Немаме проблем да ги зголемиме платите и во судството и во обвинителство ако притоа граѓаните не чекаат по шест години за да своите предмети за да им се реши својата судбина. Нема проблем ќе решиме се само да не биде на штета на другите. При тоа да не заборавиме ако го зголемиме фондот на плати во здравството, во обвинителството,судовите треба да скратиме од пензиите треба да скратиме од оброците на студентите, ќе треба да скратиме од книгите на учениците. Едноставно е изборот е тој“, вели Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања.

Оваа изјава на вицепремиерот Битиќи ги вознемири здравствените власти, на што му одговорија.

„Државата и вицепремиот треба да се гордеат со вакви здравствени работници, административно технички персонал кои што работи со плата под просечната плата во Македонија и всушност тие се правите патриоти. И не треба да се одзема од храната на студентите, од пензионерите туку треба да се одземе од платата на функционерите“, вели Боби Бојчовски независен синдикат на здравствени работници.

Ќе скокне минималната плата за 2325 денари најави премиерот Ковачевски и кажа дека догодина ќе изнесува 22.500 денари .Покрај редовните протести на вработените во судска и обвинителска администрација, утре на протест за прв пат во историјата на институцијата излегуваат и вработените во канцеларијата на Народниот правобранител чии барања се повисоки плати и достоинствени услови за работа.На улица наредниот петок ќе излезат и пензионерите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе