Спорт Тенис

Ѓоковиќ славеше во Торино за нов рекорд во тенисот

Новак Ѓоковиќ го освои АТП финалето во Торино по денешната победа против фаворитот на домашната публика Јаник Синер и тоа во два сета.

Српскиот тенисер му се одмазди на Италијанецот за поразот во групната фаза па вечерва фуриозно во два сета со по 6-3 стигна до седмата рекордна титула на овој завршен сезонски турнир и го мина Роџер Федерер на првото место.

Се чини Ѓоковиќ играше многу потешко во групата, бидејќи се мачеше да дојде до двете победи против Руне и Хрукач во три сета. Вчера во полуфиналето о 6-3 и 6-2 го прегази Карлос Алкараз, а денеска Синер освои само еден гем повеќе.

Ѓоковиќ уште претходно го имаше обезбедено првото место на АТП-листата за оваа 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ивановски и Поп Арсова победници на HalkEco Скопје Трча

Дејан Дејан

Победа против Литванија за пласман на Европското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе