Лука Марини ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Катар во рамки на Мото ГП шампионатот.
Квалификациите на патеката „Лусаил“ донесоа доста изненадувања, бидејќи Марини ја освои својата втора пол-позиција во премиерната класа во кариерата. Тој оствари време од 1 минута, 51 секунда и 762 илјадитинки и воедно постави нов рекорд на патеката.. Во првиот стартен ред друштво ќе му прават Фабио ди Џанантонио и Алекс Маркез. Во вториот ред се најдоа двајцата најголеми конкуренти за титулата, актуелниот шампион Франческо Бањаја и Хорхе Мартин, додека крај нив ќе тргне Јоан Зарко.
Трката за Големата награда на Катар стартува утре со почеток од 15 часот.