Вести Македонија Топ вести

До среда или четврток ќе се знае дали Лавров ќе дојде во Скопје за Министерскиот состанок на ОБСЕ 

Се процесираат апликациите и во наредните денови, очекувам некаде до среда-четврток, да имаме конечна одлука, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашањето дали на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје ќе учествува и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Сѐ уште не е дефинирано кој ќе ја предводи делегацијата на Русија на состанокот на ОБСЕ, со оглед на затворениот воздушен простор кај нас и во соседните земји за високите претставници на руското МНР.

На 30. Министерски совет на ОБСЕ, кој ќе се одржува од 29 ноември до 1 декември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ и се очекуваат 1000 гости во делегациите.

Османи денеска, по промовирањето пригодна поштенска марка по повод големиот настан,  изјави дека е задоволен од динамиката на организирањето на состанокот, подготовките се при крај и дека остануваат да се завршат одредени детали во наредните денови.

-Секој ден има нови делегации што го потврдуваат присуството и задоволен сум од тоа што го имаме досега. Очекувам најголем број од министрите на ОБСЕ да бидат присутни во Скопје бидејќи и така ќе биде историски министерски совет, додаде шефот на македонската дипломатија и претседавач на ОБСЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молкот нема да трае долго како вашето судење, порачаа роднините од седмиот „Марш за Агнелите“

Дејан Дејан

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Дејан Дејан

Интервју со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе