Вести Македонија Топ вести

Здравствените работници од независниот синдикат на протест – Меџити вели пари за поголеми плати сега нема

Револтирани сме поради фактот дека ниту Министерството за здравство, ниту пак Министерството за финансии имаат слух за нашите барања: зголемување на платите за 30%, нов колективен договор, бенефициран работен стаж, зголемување на инфективниот додаток од 1 на 4% и трансформација на определено работно време со неопределено. Претставниците на Независниот синдикат на здравствени работници велат дека доколку не бидат исполнети барањата  за зголемување на платите ќе ги радикализираат протести со излегување на улица.

Според министерот Меџити до сега биле реализирани неколку средби, но како што вели самиот со репрезентативните синдикати.  За поголеми плати нема сега пари.

  • Ние со службениот синдикат кои ги познава РСМ секогаш сме во тек и секогаш имаме состаноци, состанокот  со нив беше пред два дена и ние настојуваме и јас пред се како лекар и како министер секогаш мислам дека не се доволни овие примања и работиме секојдневно да се подобрат покачувањата, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити. 

Доколку и овој пат Министерството за здравство и Министерството за финансии немаат слух за нивните барања членовите на Независниот синдикат на здравствени работници  велат дека ќе ги радикализираат протестите и ќе излезат пред Влада.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе