Мостот на Црна река, од 65 метри, останува главна пречка за товарниот транспорт.
Телма со ексклузивни видеа од надзорот. Нуркачки тим од единицата „Тигар“ на Министерството за внатрешни работи (МВР) прави проверка на контактот меѓу темелот на оштетениот столб и дното на реката Црна. На видеата може да се забележи дека поради речните вртлози, настанало сериозно поткопување, односно одвојување меѓу подлогата и површината на темелот.
Видеата, до кои дојде Телма, се направени од самите нуркачи од тим на единицата Тигри, и се во сопственост на Македонски железници.