Вести Свет

Пронајдени две починати тела од израелски заложници – помош не стигнува до болницата Ал Шифа

Израелската војска потврди дека во пребарувањето на околината од болницата Ал Шифа пронашле две телана израелски заложници. Станува збор за 65 годишна жена која била болна од канцер, и второто тело е на 19-годишна девојка, припадник на израелската војска. Двете жени се дел од 240 киднапирани Израелци на 7 октомври.

  • Телото на Јехудит го лоцираше бригадата 7 на нашите сили, која ја скенира областа во близина на болницата Шифа. Телото го лоцирале во една од куќите каде покрај телото ги пронашле рацете што ги користеле терористите кои ја држеле Јехудит. Тоа е еден пример за операцијата што ИД ја спроведува за лоцирање на заложниците. Јехудит беше убиена од терористите во појасот Газа. Не успеавме на време, изјави портпаролот на израелската војска, адмирал Даниел Хагари. 

Израелската војска го продолжува пребарувањето во најголемата болница во Газа, Ал Шифа. Детално се проверува секој агол од установата за која тврдат дека под неа се наоѓаат километарските тунели, а во моментов поставен е инженерски тим кој треба допрва да ја истражува подземната мрежа на Хамас. Израелските командоси влегле во Ал Шифа без пукање, тврди и премиерот Нетанјаху во интервју за СиБиЕс. Истакнува дека прават се што можат да се минимизираат цивилните жртви, фрлаат летоци за предупредување, но Хамас прави се за да ги задржи во болницата.

  • Влеговме во таа болница со арапски јазик, израелски лекари со инкубатори и немавме прекин на огнот, но Хамас ги користеше пациентите во таа болница како жив штит и на ниво, минус два, најдовме командно-контролен центар, воени комуникации, кодирана опрема. Најдовме бомби, најдовме оружје, а најдовме и тунели од Тера во болничкиот комплекс. Им кажавме да си заминат и многумина си заминаа, но Хамас се обиде да ги запре со пиштол и пукаше во безбедните коридори што ги обезбедивме за Палестинците. Не им е многу грижа за Палестинците. Тоа е она што се обидуваме да го направиме, минимални цивилни жртви, но за жал не сме успешни, изјави Нетанјаху. 

 Телекомуникациските врски во Газа се уште се во прекин. Хуманитарната помош не може да допре до цивилите, затоа што од денеска нема повеќе гориво. ОН предупредија дека како како наближува зимата, така и луѓето ќе се соочат со глад.

Во меѓувреме, се најавува проширување на воената операција и на југот од Газа, каде еденипол милиони Палестинци веќе беа принудени да се преселат од северот. Тука условите за живот се тешки, камповите пренатрупани, а кои се насоките и каде да одат веќе раселените, не е јасно.

Изарелската војска соопшти дека е прилично блиску до уништување на воениот систем во градот Газа. Ова значи дека се очекува жртвите на двете страни да се згоелемуваат од ден на ден.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Системот е-Даноци ќе се усовршува и оптимизира – платформата попладнево ќе биде во неколкучасовен прекин

Дејан Дејан

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од мрежа

Дејан Дејан

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе