Вести Македонија Топ вести

Во Македонија турканици за вадење возачки, во Абу Даби робот издава документ за само неколку минути

Во време кога во Македонија граѓаните не можат да закажат за промена на возачка и има турканици осовено на пунктовите на МВР во Скопје, полицијата во Абу Даби користи роботи кои се поставени во трговските центри.

Роботот може да ве фотографира, да ги внесе вашите лични податоци и да ви ја испринта вашата возачка дозвола за само неколку минути.

Исто така со овој робот можете да си проверите доколку сте возач од Абу Даби, колку негативнии поени имате на возачката.

За сега нема робот сообраќаец, но Artificial intelligence се користи во видео надзорот на сообраќајот. Полицијата на Абу Даби има сопствена платформа каде ги покажува негативните примери од сообраќајот и ги учи возачитe да не ги повтoруваат истите грешки.

Роботите  поставени во шопиг моловите освен за услуги кон возачите претставуваат и главна атракција за децата.

Од Aбу Даби за вестите на Телма се јави Снежена Лупевска Созен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе