Вести Свет Топ вести

Израелската војска влезе во најголемата болница во Газа, Ал Шифа

Израелската војска влезе во најголемата болница во Газа Ал Шифа, војниците одат од соба во соба и ги испрашуваат луѓе, нема пукање. Главниот оддел за итни случаи е блокиран од тенкови. Во исто време Хамас нападот на израелските сили врз болницата го нарече воено злосторство. Светската здравствена организација јавува дека повторно изгубиле контакт со медицинскиот персонал во болницата и дека се крајно загрижени. Израелската војска, пак, постојано предупредува дека Хамас ја злоупотребува болницата Ал Шифа и го загрозува нејзиниот меѓународно заштитен статус, а при тоа Израел има специјални тимови за евакуација на болните.

  • Врз основа на разузнавачките информации и оперативните активности, силите на израелската војска изведуваат прецизна операција против Хамас во одредени подрачка во болницата Шифа. ИДФ спроведува копнена операција во Газа со цел пораз на Хамас и спасување на заложниците. Израел е во војна со Хамас, а не со цивилите во Газа. Воените сили имаат и медицински тимови и познавачи на арапскиот јазик кои поминаа посебна обука за подготовка за ова сложено и чувствително опкружување со намера да им нанесе штета на цивилите кои Хамас ги користи како жив штит, изјави Даниел Хагари, портпарол ИДФ.

Додека двете страни во војната се обвинуваат, експертите предупредија дека транспортот на бебињата и пациентите е опасен потег дури и под најдобри околности, потребен е обучен персонал, соодветна опрема и транспортен план..

  • Тие се кревки(бебињата) на почеток и немаат кислород, немаат гориво за да работат на болничките генератори, немаат струја, а потоа Хамас го блокира транспортот, во секој случај во болницата каде што се на безбедно е многу тешко, вели Д-р Ирвин Редленер, Универзитет Колумбија во Њујорк.

Цистерна со гориво денеска го премина граничниот премин Рафах и влезе во Газа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Уште два цистерни чекаат влез. Палестинците кои од сверот на појасот се префрлија во Кан Јунис денеска повторно мета на воздушни напади, во кои има десетина загинати. Речиси е невозможно да се извлечат од таму бидејќи комуникациските врски се во целосен прекин. Врменските услови се влошуваат и стотици луѓе, во јужните области на појасот Газа, стравуваат за своите животи.

  • Ние сме египетско семејство и апелираме светот да најде решение да не извлечат од тука. Не испратија во амбасадата никој не ни одговара. Ние сме четири египетски семејства. Тие мораат да најдат решение за нас. Бараа да дојдеме од север и кога стигнавме, останавме овде во станот и не бомбардираат. Сакаат ли да загинеме? Ова е доволно, вели Мохамед ал-Абдалах, жител на Газа.

Лицемерие и двојни стандарди, вака ја опишаа состојбата во Газа  лидерите на 57 арапски и муслимански земји кои за време на викендот се сретнаа во Ријад, критиките гласвно беа на сметка на САД, кои како што рекоа „дава зелено светло на Израел да убива цивили во Газа“.Изостанаа ктиките за Хамас и за нападот на 7 октомври, во којшто загинаа 1.200 луѓе, а 240 беа земени како заложници.

Хамас јавува за повеќе од 11.000 жртви, од кои повеќе од 4.500 биле деца.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе