Ранг листа, тричасовна дебата и многу спротивставени мислења за избор на осум судии од 45 пријавени. За кривичар во повисокиот суд, унапредување не доби Лазар Нанев, претседател на основниот суд во Кавадарци, за кого претходеше бурна расправа, бидејќи на неговата судиска работа во Кавадарци се жалеа обвинители.
Максимална поддршка од 12 гласови, како втора на ранг-листата, доби судијката Габриела Гајдова од Основниот суд Велес. Весна Димишкова и Александра Ристовска се другите два члена, иако поголемиот дел до времето мина на дебата за Нанев.
За граѓанската материја, членовите на судски избраа четворица од петте прворангирани, а доскорешниот претседател на најголемиот суд во државата, Илир Сулејмани од граѓански во Скопје се сели во Апелација.
Првите реакции по неизборот, а како најдоброрангиран судија кој конкурирал од кривичниот суд во Скопје, следеа од Оља Ристова која на социјалните мрежи напиша дека по две и пол години чекање да се случи изборот, советот погрешил и треба да биде разрешен.
Павле Беловски