Вести Македонија Топ вести

Димевски во Топ тема: Трансформацијата на спортските клубови во акционерски друштва беше сериозен упад во спортскиот систем

Севкупниот текст на актуелниот Закон за спорт е спорен за ИОК. Не станува збор за конкретни членови, туку духот на законот е премногу насочен на микрорегулирање на сферата и целосно е во колизија со олимписката Повелба, нагласи Даниел Димевски, претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Во спортот постои еден Устав. Тоа е олимписката Повелба е документот по кој треба да биде организиран секое локално национално законодавство и сите статути на меѓународни спортски организации. Нашиот закон за спорт е целосно во колиција, бидејќи навлегува во сфери кои што не се дозволени, но навлегува во колизија и со нашиот Устав чиј член 47 вели „Републиката го поттикнува и помага спортот“. Креаторот на уставот имал доволно чувство во тој момент кога го пишувал дека го помага и поттикнува спортот, а не дека го уредува, дека го контролира и не дека го спроведува. Уставотворецот водел сметка за таа олимписка Повелба и за сите Резолуции на Обединетите нации кои сме ги прифатиле како држава и се извор на правото, законот за спорт отишол во спротивна насока“, истакна Димевски.

Законот за спорт, според него, креира многу проблеми и нагласи оти сериозен упад во спортскиот систем се направи со еден закон со кој што се наложи сите професионални спортски клубови да бидат организирани како акционерски друштва.

„Со тоа, севкупниот спорт се оттргна од спортската фела и практично директно се пренесе на управување на единиците за локална самоуправа кои што се бираат под друг, политички клуч. И практички, сите единици на локална самоуправа кои што се раководени од политичари, станаа главни креатори на политиките во спортот. Тие се главни акционери. Сите ние кои сме во спортот негодувавме, меѓутоа бевме предупредени, бидејќи во истиот закон напишале доколку претседателот не ја спроведе таа одлука, му се заканува три години затвор“, истакна Димевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе