Вести Македонија Топ вести

Обвинителството оформи предмет за починатото бебе во Прилеп

Пријава до обвинителството во Прилеп поднесоа родителите на новороденчето кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје  десет дена по раѓањето во прилепската болница. Се сомневаат дека напревани се пропусти при третманот на бебето  и бараат да се утврдат причините за смртта.

Таткото во изјава за Телма тврди дека сите наоди на неговата сопруга во текот на бременоста беа  уредни и отфрла било каква можност дека бактериска инфекција пренесена од мајката на бебето е причина за  сепса со фатални последици. Од детската Клиника вчера соопштија дека кај бебето  била изолирана фекалната бактерија ешерихија коли, а  ќе се утврдува од што е предизвикана.

  • Се беше исправно, сите испитувања за царски рез ги направи, беа исправни, докторката одлучи по природен  пат да се породи. Немаше никаква бактерија. И кај матичниот гинеколог беше се во ред. Ова  е тргагедија, ова  е страшно. После ги предадовме сите документи во обвинителство, обвинителот ни зеде изјава и рече дека се ќе се испита, вели Славко Петрович, татко на починатото бебе.

Од Обвинителството за Телма потврдија дека  се постапува по случајот.

  • Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет непосредно по настанот. Земен е исказ од мајката, а се очекува постапувањето и на надлежните органи кои вршат вонреден надзор во медицинските установи, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката, соопштија од ЈОРМ.

Во меѓувреме и денеска продолжи   вонредниот инспекциски надзор на  Државниот здравствен и санитарен инспекторат во Прилепската болница кој започна вчера. Од таму  за Телма потврдија дека  се  земаат изјави од медицинскиот персонал на двете одделенија, гинеколошкото и неонатологија,    се проверува медицинската документација, протоколите за постапување со родилката и новороденчето, а на увид им се ставени  резултатите  од редовните анализи на  брисови во овие болнички оддели, кои биле уредни.

Од државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека  по сумирање на информациите за  вонредниот надзор во двете здра вствени установи,  деновиве ќе ја информираат јавноста за случајот во кој  од сепса почина бебе на Клиниката за детски болести, донесено од прилепската болница во тешка здравствена состојба.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина пациент кој се лекуваше во Литванија – нова, 61-ва, жртва на пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Тетовскиот суд пресуди – две години затвор за Пајазити кој ја прегази Теодора на пешачки

Дејан Дејан

Обвинетиот Менсур Пајазити, кој ја прегази Теодора Ристовска, призна вина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе