Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по осми пат во низа ја завршува натпреварувачката година како број 1 во светот. Во пресрет на мечот меѓу Карлос Алкарас и Александар Зверев, на завршниот Мастерс во Торино, му беше врачен и пехарот кој го презеде од првиот човек на АТП турот, Италијанецот Андре Гауденци.
„Ова е круна на сезоната. Да се заврши годината како број еден во светот е сон на секој тенисер и тоа е една од најтешките работи во нашиот спорт. Да се биде број еден, покрај гренд слемите, со години се најважни работи за сите играчи. Благодарност до Горан, Марко, Миљан, Карлос, на сите кои беа со мене. Ова е тимски напор. Едвај чекам да прославам со нив. Ова е големо достигнување и горд сум на тоа“, изјави Ѓоковиќ кој беше дочекан и испратен со овации од италијанската публика.
Year End No.1️⃣ @DjokerNole #NittoATPFinals 🤜🤛 pic.twitter.com/t32wd3Or15
— Tennis TV (@TennisTV) November 13, 2023