Спорт Тенис

Сабаленка во полуфиналето на завршниот турнир во Канкун

Познати се полуфиналните двојки на ВТА завршниот турнир што се одржува во Канкун.

Во решавачкиот дуел од А групата кој беше прекинат поради дожд, првата носителка Ирина Сабаленка успеа да ја совлада Елена Рибакина и да се пласира меѓу четирите најдобри. Белорусинката во три сета со 6:2, 3:6 и 6:3 ја совлада ривалката од Казахстан и за влез во големото финале ќе се соочи со Ига Швјонтек која за потврда на првата позиција во Б групата триумфираше над Онс Жабер препуштајќи и само три гема.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Џесика Пегула и Коко Гоф, која во последното коло славеше над Маркета Вондрушова со 2:1 по сетови 5:7, 7:6 и 6:3.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе