Вести Македонија Топ вести

Спасовски: Неказнивоста раѓа ново кривично дело – застарувањето на делата влијае негативно врз правната сигурност

Неказнивоста раѓа ново кривично дело, а застарувањата на дела влијаат негативно врз правната сигурност на граѓаните, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за МИА, коментирајќи ги делот од одредбите на новиот КЗ кој овозможи застарување на предмети на поранешното СЈО меѓу кои и случајот за нелегалното прислушување.

–  Сето она што допринесува за застарување на дела, прво влијае негативно на правната сигурност кај граѓаните и второ влијае негативно, односно создава револт и кај мене во однос на тоа да не се одговара за нешто што е направено, а било сериозен проблем во македонското општество, нагласи Спасовски кој беше дел од Шарената револуција која се бореше против аболицијата за оние кои прислушкуваа.

Министерот потенцираше дека е важно што неказнивоста не отворањето на постапката изроди настани на 27 април во којшто, како што рече, се организираше група, не да ја нападне демократија, туку да го сруши уставниот поредок и преку таа организација да бидат убиени дел од пратениците, новинарите и сите тие коишто беа внатре.

Во делот на измените на Законот во смисла на ефикасност на постапката и зголемена можност за конфискација, министерот вели не гледа цел зошто тоа е направено и дека очекува во подготовката на новиот кривичен законик, на кој веќе работат експертите, да биде усогласен целосно со директивите на ЕУ и да ги оправда очекувањата на граѓаните.

Оперативно техничката агенција ОТА која беше формирана токму поради масовното прислушкување и е една од клучните институции во безбедносниот и синџирот на борба против криминалот повеќе од еден месец нема директор.

Министерот Спасовски вели дека има информации оти огласот за директор на ОТА е завршен и дека има кандидати кои поднеле документи и дека собраниските комисии ќе направат анализа кој исполнува услови, а кој не.

Директорот на ОТА, која институција треба да го оневозможи незаконско прислушување на телефонски разгвори, според законот се бира со двотретинско мнозинство во Собранието.

Според Спасовски во заблуда е секој оној доколку има некаков интерес да не се избере директор на оваа институција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе