Вести Македонија Топ вести

Физичка пресметка меѓу полицијата и осудениците во полуотвореното одделение во Идризово

Десет полицајци се повредени во пресметката со група агресивни осуденици во Идризово кои според МВР се обиделе да ги спречат да извршат претрес со судска наредба. Акцијата била рано наутро, а над 60-тина осуденици се собрале и се обиделе да ја спречат полицијата да ја врши рацијата.

Но, затвореници со кои контактираше Телма тврдат дека тие биле нападнати и тепани од полицијата. Велат ни ја расфрлаа и уништија храната, не тепаа, а некои имаат скршени заби и повреди на аркадата и на главата.

Директорот на затворот Зоран Јовановски не се јавуваше, а Телма контактираше со заменик директорот на затворот Феми Јонузи кој ни рече дека е повикана Итна помош и ќе има официјални информации кога се ќе се заврши.

Во полуотвореното одделение во Идризово има подобри услови отколку во затворениот дел во најголемиот затвор во државата.

Министерството за правда подготви нов закон за амнестија, а токму осудениците во полуотвореното одделение на Идризово ќе може, доколку се усвои законот, да бараат намалување на казните до 30 проценти.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе