Вести Македонија Топ вести

Ако останеш за третпат, ќе те обесиме како во Саудиска Арабија – нови закани кон Раде Трајковски Штекли

„Раде се спаси првиот пат, ако останеш за третпат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“, е најновата закана што е упатена за Раде Трајковски Штекли преку Тик-ток во форма на видео. Зад материјалот се верува дека стои скопското подземје.

Трајковски сè уште е на интензивна нега по нападот со огнено оружје врз него во Ист гејт мол. Напаѓачот истрела неколку куршуми по што го напушти местото на настанот и по него сè уште трага полицијата.

Во пукањето настрада и неговиот помлад пријател со прекар Колумбо. Двајцата се хоспитализирани во Клиничкиот центар. Беа примени во тешка состојба, но сега се надвор од животна опасност.

Кон Раде Трајковски беше пукано и во август годинава, исто така, во Ист гејт мол.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе