Вести Македонија Топ вести

Полицијата се огласи за пукањето во Ист Гејт Мол во кое е ранет Штекли

Од полицијата потврдија за оружениот инцидент во Ист Гејт Мол кој се случи попладнево.

-Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, ни одговорија од МВР.

Според информации на Телма од полициски извори, цел на нападот бил Раде Трајковски Штекли кој беше исто така цел на сличен напад во август на истата локација, во гаражата на Ист Гејт Мол.

Тогаш беше погоден неговиот блиндиран автомобил, а во денешниот напад тој и неговиот сопатник се повредени.

Раде Трајковски Штекли беше спомнуван за време на истрагата за убиството на младиот Јанушев во скопски Аеродром кога избега во Србија. Подоцна беше екстрадиран, но за 6-месечна затворска казна и не беше опфатен и осомничен со истрагата за убиството.

Првично: Повторно пукано врз Раде Трајковски-Штекли во Ист Гејт Мол, тој е ранет, а тешки повреди има и негов сопатник

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе