Останато Спорт

Каратистот на Макпетрол, Витомир Трајковски освои бронзен медал на Светските игри во боречки спортови

Витомир Трајковски од карате клубот Макпетрол синоќа стигна до голем успех за македонскиот спорт со освојување на бронзениот медал на Светските игри во боречки спортови што се одржуваат во Ријад, Саудиска Арабија. Македонија имаше само двајца претставници на овој престижен турнир и двајцата од редовите на карате клубот Макпетрол.

Трајковски во категоријата под 84 килограми во конкуренција на помлади сениори (У21), најпрво во својата група беше второпласиран со две победи против натпреварувачи од Венецуела, Толеарбат Мендоза и Украина, Максим Бухаилов, но загуби од Мароканецот Меди Срити.

Тоа беше доволно за Македонецот да обезбеди полуфинале, а таму загуби од домашниот натпреварувач од Саудиска Арабија Анас Алзахрани. Сепак и бронзениот медал е голем успех за Трајковски и за македонското карате.

Трајковски продолжува да реди големи резултати, бидејќи е актуелен светски вицешампион од Коња ,Турција за 2022 год во младинска конкуренција. На Европското првенство оваа година  во Кипар, Ларнака (У21), тој се закити со бронзениот медал,  а на Светската премиер карате лига во Атина во сениорска конкуренција исто така го освои бронзениот медал.

Вториот наш натпреварувач на овој светски собир на најдобрите каратисти беше Стефан Стојановиќ, кој во категоријата над 84 килограми, во својата група имаше една победа и два порази. Со тоа тој не обезбеди пласман за борба за медал.

Самиот настап на двајцата каратисти на Макпетрол на овој настан, кои работат под палката на тренерот Петар Заборски е голем успех сам по себе. Покана за учество на Светските игри во боречки спортови обезбедуваат само најдобрите осум каратисти на светската листа од сите категории.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе