Останато Спорт

Зарко славеше прв пат во кариерата по неверојатниот последен круг во Австралија

Јоан Зарко ја запиша својата прва победа во кариерата во Мото ГП откако прв ја мина целта по драматичнот последен круг на трката за Големата награда на Австралија.

Мотоциклистот на Прамак Дукати имаше фантастични претекнувања во финишот на трката и заслужено се избори за победата и тоа пред светскиот шампион и лидер во генералниот пласман Франческо Бањаја на фабричкиот Дукати, а трет беше Фабио ди Џанантонио од Гресини за кого ова беше прв подиум во кариерата.

Бред Биндер финишираше четврти, а петти беше Хорхе Мартин, кој интересно беше лидер до последниот круг, кога беше престигнат од ривалите. Потоа следуваат Марко Бецеки, Џек Милер, Алеиш Еспаргаро и Алекс Маркез.

Во генералниот поредок, Бањаја на врвот има 366 бодови, Мартин е втор со 339, а Бецеки е трет со 293.

Интересно е тоа што за прв пат се возеше една трка во Мото ГП во сабота по 2015 година, најмногу поради непредвидливите временски услови во Австралија. Утре на програмата на патеката „Филип Ајленд“ ќе биде спринт трката.

Следниот викенд ќе се вози трката за Големата награда на Тајланд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе