Вести Економија Топ вести

Нови милиони од буџетот за загубарот МЖ Транспорт – ќе враќа долгови кон ЕСМ, со вагони од Србија ќе го обновува возниот парк

Со 15 милиони евра пари на граѓаните Владата ќе му помага на МЖ Транспорт да го подмири долговите кон ЕСМ. Од владата за Телма потврдија дека барањето на  железница било прифатено на владина седница. Но, не одговорија што точно претпријатието ќе покрива со овие пари. Според, информации на Телма, со средствата МЖ Транспорт ќе плати долг за струја, а ќе ги врати и позајмиците за плати кои ЕСМ континуирано им ги дава на МЖ Транспорт.

Паралелно додека се бара решение за долговите на претпријатието загубар, во Владата се разговарало и за донација на нови вагони од Србија, поради лошатата состојба на постоечките.

Владата го задолжи Министерството за транспорт и врски, да иницира средба со Министерството за сообраќај, градежништво и инфраструктура на Република Србија, за поведување на постапка од страна на Владата на Република Србија, за давање на согласност на „Србија Воз“, за реализација на донација од неколку електро локомотиви и (дизел моторни патнички гарнитури), на Железници Транспорт АД – Скопје, пишува во одговорот од Владата.

МЖ Транспорт со години има финансиски проблеми и тешко работи. Дупката во претпријатието никако да се затвори, иако според информациите годишно од буџетот таму се префрлаат од 12 до 15 милиони евра. Државните електрани пак кои даваат позајмици за плати во МЖ Транспорт, изминатиот период  постојано добиваа  милиони државна помош од буџетот, за справување со енергетската криза.

На крајот на минатата година поради долгови за струја, неколку часа Транспорт беше во мрак. За да можат да работат  добија пари од буџетот, за да ги платат фактурите за електрична енергија.

На листата на должници постојано е на врвот, а машиновозачите редовно излегуваат на блокади поради неисплатени плати,  со целосен прекин на железничкиот сообраќај. Пет децении стари локомотиви ги влечат вагоните, а оние кои патуваат се случува често пати  со часови  да стојат во место. Во МЖ Транспрот до сега се променија неколку директори, но никој не успеа да најде решение. Поранешниот премир Заев зборуваше дека фирмата е зрела за јавно- приватно партнерсво или за приватизација, затоа што за да опстане, постојано се прави  дотур на средства  од државната каса. Но, иако се зборваше, за сега нема никаков план за спас на МЖ Транспорт, освен постојаното  префрлање на милиони од државната каса на сметка на претпријатието.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе