Вести Економија Топ вести

Бектеши: До крајот на месецот ќе се прецизира пакетот антикризни мерки

Пакетот антикризни мерки кои беа најавени уште минатиот месец сеуште се во изработка, до крајот на месецот би ги добиле контурите и ќе бидат презентирани во јавноста а би стапиле на сила до крајот на годинава. Владата сеуште нема прецизна информација што ќе содржат овие мерки и колку ќе тежат но тврдат дека средства се обезбедни.

Сепак кој систем ќе биде применет,дали повтоно ќе има ваучери и кои категории односно колку граѓани ќе бидат опфатени сеуште се разгледува. Предлози има и тие се разгледуваат со стопанските комори засегнатите страни.

Пари во Буџетот за антикризни мерки има а мерките ќе се креираат според средствата кои се на располагање.

Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи досега во Буџетот се обезбедни околу 70 милиони евра за пакетот антикризни мерки. Најавите се дека овие средства може да се зголемат бидејќи парите собрани од солидарниот данок, од кој владата очекува околу 70 милиони евра, да се префелат за антикризните мерки како и доколку има намалување на платите на избраните и именувани функционери чие последно зголемување тежи речиси 15 милиони евра годишно.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе