Вести Економија Македонија Топ вести

Стара опрема, недоволен стручен кадар и без пари – јавните комунални претпријатија во постојан пад, ќе помага Владата

Повеќе од 90 јавни комунални претпријатија низ целата држава се неефикасни и со недоволен број на капацитети. Причините за лошата оценка се финансиските загуби поради енергетската и економска криза, а Владата ќе им помага во нивно справување. Ова е генералната оценка на надлежните за Јавните комунални претпријатија.

  • Очекуваме активно вклучување на сите општини. Процесите не се едноставни, особено во делот на регионално управување со отпад. Кога здружувате повеќе региони во случајот два по два региони ќе ги здружуваме за да направиме по една централна депонија. Економски е неисплатливо секој регион да има своја депонија . Тие се процеси кои што траат долго. Бараме од сите напор во спроведувањето на процесите од секој граѓанин па се до владата, изјави министерката за животна средина Каја Шукова. 
  • Она што е вложувано во комуналните претпријатија во текот на годините е тоа колку што се можело и колку што дозволувале финансиите и на директорите и на локалните самоуправи, на комуналните претпријатија и на стручниот кадар во комуналните претпријатија. Така што ние сами знаеме дека се како тоа се амортизира и застарува така треба да се  внесуваат нови технологии и нови принципи и начини на работа, изјави и Пеце Милевски од АДКОМ

Дводневната 11-та меѓународна конференција на тема Комуналните услуги во паметните градови, беше токму за проблемите во јавните комунални претпријатија, а целта е подобрување, зајакнување и нивен квалитет.

 

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе