Вести Македонија Топ вести

Без Ковачевски, министрите не си ги кратат платите

Без премиерот Ковачевски, присутните вицепремиери и министри не донеле конечна одлука како да си ги скратат функционерските плати. На денешната владина седница се расправало за предлог за измените на закон за платите и надоместоците на функционерите кои во март со одлука на Уставниот Суд пораснаа за 78 отсто, ни потврди телефонски надлежната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Биле расправани повеќе варијанти како да се намалат функционерските плати кои имаа метеорски раст напролет, но конечната одлука ќе се донесе кога од пат, од Тирана ќе се врати премиерот Димитар Ковачевски. Министерката не открива детали кои решенија се понудени, а повеќе детали даде вицепремиерот Фатмир Битиќи кој во гостување на ТВ 24 тврдеше дека заштедените пари ќе се користат за анти-кризни мерки.

Функционерите досега зедоа шест полни плати со 78 процентно покачување. Покрај премиерот и министрите, подлабоки паричници добија и Претседателот на државата, и судиите и обвинителите, градоначалниците, директорите на државните и на јавните претпријатија. Потегот ги разгневи сите категории граѓани, особено вработените во јавниот скетор и пензионерите, кои добиваа едноцифрени покачувања. Речиси седум месеци по одлуката на Уставниот суд, министрите конечно прифатија да расправаат за измена и за рикверц на нивните плати, само неколку месеци пред парламентарните избори.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Многу неискористени студии за развојна Пелистер, се најавува нова

Дејан Дејан

Мерко во судница за спорните именувања на директори

Дејан Дејан

Ферати немал право да пресуди повисока казна од две години, сметаат неговите колеги и судскиот совет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе