Вести Македонија Топ вести

Почина хумористот и сатиричар Војче Китаноски

Почина легендарниот македонски хуморист и сатиричар, Војче Китаноски, човекот кој со децении ја смееше македонската публика. Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија неговите пријатели и познати личности.

Китаноски е роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители и имал лиценца за туристички водич.

Кариерата, како хуморист, ја почна за време на студентските денови, а често знаеше да каже дека тој е првиот стендап комичар на поранешните југословенски простори. Хумористот зад себе имаше над 50-години кариера.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе