Вести Македонија Топ вести

Денеска се навршуваат 16 години од смртта на Тоше Проески

Денеска се навршуваат 16 години од смртта на еден од најпознатите македонски пејачи, Тоше Проески. Проески трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи кај Нова Градишка, на автопат во Хрватска.

Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан, а многумина и денес, 16 години подоцна, не можат да се помират со големата загуба. Семејството, пријателите, фановите и бројните колеги на Тоше од година во година со емотивни зборови ја одбележуваат годишнината од неговата смрт и ја искажуваат својата тага за прекумерната загуба.

Тоше Проески постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб 17 октомври беше прогласен за ден на национална жалост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе