Вести Македонија Топ вести

Започна грејната сезона на подрачјето на град Скопје со кој управува ЕСМ

Започна грејната сезона, граѓаните утрово имаа топли радијатори. Топланите стартуваа со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запре во 10:00 часот При стартот на новата грејна сезона не се регистрирани проблеми, велат од ЕСМ.

,,Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ. По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури  после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува.” – ЕСМ

Граѓаните добија парно греење, но по стара цена. Засега Регулаторната комисија за енергетика не носи одлука за нова цена се додека не биде поставен новиот топловод по мостот Беласица, за кој градот Скопје и ЕСМ се натегаат со месеци.

За граѓаните е нејасно по која цена ќе ја плаќаат услугата со оглед дека се уште не е почната замената на цевките на топловодот под мостот Беласица.

,,Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот Беласица ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците.”- Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Вообичаено одлука за нова цена на парно се носи до крајот на јули, но поради низа проблеми Регулаторна се одлучи да ја одложи. Градско парно користат над 60.000 домаќинства, најмногу приклучени има на ЕСМ, поранешно БЕГ, додека најмалку на топланата Скопје- Север.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе