Вести Македонија Топ вести

Говорот на жителите од Голо Брдо

Јазикот на кој зборуваат е македонски, гордо кажуваат жителите на областа Голо Брдо во Албанија, што и научно се поткрепува преку истражувањето на Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки. За време на посетата на неколку села, во кои иселувањето е поради постојан општествено-политички и економски притисок, во разговорите со мештаните, Петровска заклучува дека дијалектите одлично се сочувани. Нивниот говор се вбројува во западно-македонски перферни говори, кои ги содржат сите карактеристики на западното македонско наречје.

 „Кога разговаравме со мештанките тие го знаат само мајчиниот јазик и на него разговараат, а за нив е непознат и не го разбираат албанскиот јазик оти ниту еден ден настава. Причината е едно ставна, не посетувале училиште. Исто така и децата кои се нарекуваат џагуриња, тие исто така го знаат мајчиниот јазик од своите мајки, баби, роднини, соселани, а на 7 години кога започнуваат со настава тие го учат и албанскиот јазик и латинското писмо. Некој од мештаните го знаат и кириличното писмо но тие се самоуки дека тие ги гледаат македонските програми на македонската телевизија“. –  изјави Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки – македонистика

Централно место на истражувањето било селото Требиште, од каде е направен комплетен запис на целиот дијалектолошки материјал. Петровска вели дека жителите биле гостопримливи и желни за разговор, иако се подзаборавени од своите.

„Самите се преизнесуваа за својата етничка припадности, тие велеа дека се Македонци од Голо Брдо и кај нив можеше да се види знамето со 16 краци кое е изгравирано или на фасадите или на некои сувенири или на надворешните порти, а кога стануваше збор на каков јазик зборуваат тие велеа нашки си збориме“. – изјави Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки – македонистика

Текстуални и аудиозаписи од истражувањето се објавени во 2022 во монографијата „Голобрдскиот говор“, прво организирано истражување на овој говор, непосредно на терен, од македонска страна.

 

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе