Вести Македонија Топ вести

За Пендаровски ЕУ наликува на НАТО, Црвенковски бара да се земат работите во свои раце

Проширувањето на ЕУ не смее да зависи од кризи и војни, предупреди претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи го кандидатскиот стстус на Украина и Молдавија.За него е неспорно  дека им се дава симболична поддршка на овие држави во исклучително тежок период но рече дека, на Западен Балкан не му е потребен политички симболизам, туку конкретна политичка одлука.

– Базирајќи ги своите одлуки за Украина и за Молдавија врз геополитичкиот резон наместо врз традиционалната агенда на реформи и перформанси, Унијата започна да наликува на НАТО. Ако има амбиции да биде геополитички играч, мора првин да го заокружи и обезбеди својот европски геополитички простор преку интеграција ан Западен Балкан, изјави Пендаровски.

Поранешниот претседател, Бранко Црвенковски рече дека процесот на проширување се одвива недозволиво бавно, затоа и предлага, наместо лажни ветувања кон граѓаните за можен влез во ЕУ до 2030-та година,  да се земат работите во свои раце.  Побара од своите поранешни колеги, екс-претседатели на балканските држави кои денеска дебатираа на конференција во Скопје, да покренат иницијатива кај нивните влади за заеднички настап пред Унијата, затоа што нема што да се изгуби, а вреди да се проба.

Со тоа, вели Црвенковски, ќе се елиминираат ризиците од други влијанија на Балканот, процесот не би се усложнил со примање на нови членки со право на вето,а државите значително би се подобриле економски. Смета дека учеството на сите земји од Западен Балкан на заедничкиот европски пазар е капка во море и ништо значајно не би се изместило.

Најновите идеи за реформи на ЕУ, особено таа за концентрични кругови, пак, не се добро прифатени ниту во една од земјите од Западен Балкан.

– Оваа денешна Унија има повеќе влијателни  членки кои воопшто не сакаат проширување, како и такви кои сакаат во иднина таква Унија која има повеќе кругови. Не кругови во пеколот. Јас тоа не го поддржувам, затоа што така земјите од Западен Балкан, наместо да станат полноправни членки на ЕУ, ќе станат дел од унијата, само дел од унијата, но во некој надворешен круг кој ги вклучува земјите од работ на Европа. Тоа би било некакво, ако можам да кажам, сурогат членство, изјави Стипе Месиќ, поранешен претседател на Хрватска.

Поранешниот претседател на Босна, Младен Иваниќ, укажа дека и замјите од Западен Балкан не покажуваат некаква волја за борба против криминалот, корупцијата или пак, за независно судство. Но, вели, и Европа нема волја за проширување и тоа било најавено уште во 2005-та година.

– Во 2005, неколку клучни лидери, можеби и најклучни во Европа од тоа време, рекоа јасно, во присуство на нас кои доаѓавме од овој регион  дека, после Хрватска, можеби со десетлетија нема да има проширување. Внимавајте, од една страна имавте приказна за отворени врати, а од друга страна, јасно искажан став дека едноставно не постои  подготвеност на Европа да не` прифати. Зошто? Искрено мислам дека тоа се делот од проблемите кои некои од земјите во големото проширување ги донесоа и страв од нас и наше учество во одлучувањето.Затоа што, ако ние не сме во состојба сами да одлучуваме за себе, а се покажува дека во многу делови не сме, како ќе одлучуваме за Европа?, рече Иваниќ.

Сите учесници на конференцијата беа согласни дека Европската унија мора да покаже поголема грижа за регионот. На претстојниот декемвриски самит Европскиот Совет има можност да донесе одлуки за побрза интеграција на Западен Балкан, наместо да го одложува тоа прашање за по европските избори.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе