Дали и зошто Мицкоски барал и остврил средби со Ахмети . Премиерот Ковачески со прашање до лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Викенд препукувањата меѓу власта и опозицијата зачинети и со навреди кој е маче а кој кукавица. Ковачевски ја обвини опозицијата дека шири тензии на национална основа и рече дека иако денеска зборуваат против ДУИ 11 години биле заедно на власт.
-Истите тие партии кои што сега се прават лавови, 11 години беа како мачиња во коалиција со истата таа политичка партија ДУИ за која што денес зборуваат. Сакам да прашам ако можете и вие да прашате, дали лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и членовите на неговото високо раководство, да споделат со јавноста колку пати во последните 6 месеци барале и оствариле со лидерот и високи функционери на ДУИ и за што разговарале на тие состаноци, доколку ги имале. – изјави Ковачевски
Мицкоски негираше дека барал средба со Ахмети вели единствено јавно бара лидесрка средба но подговтвен е да ги прифати и работните групи во Собранието за што ги нуди власта доколку тука го гледаат излезот од потенцијалната политичка и уставна криза
-Бидејки тој поставува прашање претпоставувм го знае одговорот. Мојот одговор е ниту една. Ниту сум барал ниту имам намера да барам, но јавно барам лидерска средба на која штоповеќе од три денцении се седнува сите претседатлеи на парламентарни полиитчки партии и договараат дати и роковници за избори. Да еве јавно бара и Ковачевски да седне таму и Ахмети и кого сака нека земе со себе да му го држат ставот бидејки тој е докажан кукавица. – изјави Мицковски
Опозициските партии бараат лидеска средба да седнат и да се договорат за претседателските и за парламентарните избори, чии редовни термини се наредната година, но со неколку месеци разлика. Власта се произнесе дека е за избори во редовен темин и наместо лидерска средба може да се разговара за датумот на изборите на работно ниво меѓу претставниците на поличките партии.
Елена Ивановска