Вести Македонија Топ вести

Ревизорскиот извештај за Онкологија пред пратениците – Докторот одлучувал, а медицинскиот директор одобрувал

Докторот одлучувал а медицинскиот директор одобрувал. Овој принцип во препишувањето биолошка терапија, беа стручен колегиум и без виза на Фондот за здравствено осигурување, е еден од најпроблематичните методи на работа на Клиниката за радиотерапија и онкологија, што ги воочи Државната ревизија. Вториот момент е преземање обврски пред воопшто да биде склучен договор со добавувачот, што води кон зголемување на долговите на клиниката.

Опозицијата се сомнева дека се работи за разработен криминален систем. Заради тоа, воопшто не се следи патот на лекарствата, набавката и состојбата во клиничката аптека. Бара кривичен прогон за повеќе од 7 лица.

Власта е согласна да се пронајдат одговорните. Конечно имаме Јавно обвинителство кое реагира, велат тие, додека за истите проблеми се молчело во 2008 и 2012.

Главниот ревизор Ацевски го нагласи и проблемот со акцелераторот од 2016-та кој `се уште не е во функција, како и потребата онколошките пациенти да се лекуваат и во други центри. Во почетокот на наредната година ќе се анализира почитувањето на препораките. Во Комисијата за финансирање и буџет за прв пат се разгледува Ревизорски извештај. Јавниот обвинител Љубомир Јовески не присуствуваше бидејќи дури денеска ја добил поканата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе