Вести Македонија Топ вести

Пендаровски: Со националистички наратив ќе освојам 700.000 гласови на било кои избори

Секогаш е полесно да се продаде националистичка наратива од таа што е поумерена, рече македонскиот претседател Стево Пендаровски во вечерашната емисија „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Ако јас се решам, јас не сум таков профил на човек и на политичар, да употребувам националистичка наратива и да зборувам против Албанците, Бугарите, да бидам антиамериканец, итн., јас можам да освојам 700.000 гласови на било кои избори“, истакна Пендаровски.

Тој се осврна и на обидите за приближување до опозицијата.

„Заев направи неколку обиди, најмалку еден беше јавен во парламентот, кога се обиде да им објасни кој е првиот нацрт на Преспанскиот договор на тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Исходот од таа седница, која беше затворена за јавност, е дека се беше одбиено. За Преспа, Заев направи обид – доби не чини тоа, не чини тоа, не чини. Еден од најгласните пратеници на таа седница, сега вели Преспанскиот договор е реалност и да нема никој илузија дека ќе го менуваме. Станува збор за дабл трек или двоен колосек – едно зборуваш пред твојот електорат и пред јавноста, чекајќи да дојдеш на власт и на крај ќе се легнеш на брашно и ќе си прифатиш се – и Северна и Бугари во Устав, итн.“, истакна шефот на македонската држава.

Тоа, според него, е она што се нарекува партиски интерес, а не државен и стратешки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе