Група пензионери од Тетово го блокираа булеварот Маршал Тито, со што околу половина час беше оневозможен собраќајот за влез и за излез кон Скопје и се направи метеж во градот. Овој нивен потег е во знак на протест со кој повторно побараа линеарно покачување на пензиите од 5 000 денари, а минималната да биде 20 000 денари. Велат дека со сегашните примања едвај преживуваат.
„Земам пензија од 16 300, а за лекови плаќам 7 000. Дали треба струја, дали треба храна, облека, дрва немаме“.
„Голема скапотија, не може човек ништо да јаде“.
„И ние сме држава и ние треба да се бориме за оваа држава, не да се бориме за минимална пензија, затоа ни избегаа децата нас“.
„Власта не се грижи, не ни ги качува нашите пензии. За нивните џепови 78% има пари“.
Пензионерите најавија дека поддршка за нивните барања ќе побараат и од меѓународни институции.
„До ЕУ, до Американска амбасада, штом нашата власт нема слух за нас, ние мора да бараме помош од меѓународни институции, да знаат какви пензионери има нашата држава“.
Пензионерите најавија дека ќе продолжат со протестите сѐ до исполнување на нивните барања.
Данијела Билбилоска