Вести Македонија Топ вести

Јазикот на музиката не познава граници – наградата „11 Октомври“ за македонскиот композитор Љупчо Константинов

Јазикот на музиката не познава граници. Таа ја поседува неверојатната моќ да допре длабоко во нашите чувства,  без разлика на припадноста, потеклото и верата и таму каде што завршува моќта на зборот, таму почнува нејзината моќ, вели легендарниот македонски композитор Љупчо Константинов, големиот мајстор на филмската и тетарска музика, годинашен добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

„Патот кој го минав  до оваа свечена пригода беше долг и трнлив, не беше послан со персиски килими, туку со стотици табаци испишани нотна хартија и илјадници часови поминати во музичките студија во создавање музика за програмските потреби на Радиото, како и применета музика, мојата животна преокупација, музика наменета за театарската сцена, филмската уметност и телевизијата“, изјави Љупчо Константинов, добитник на наградата „11 Октомври“.

Филмската и театарската музика на Константинов за својата безвременост и уникатност е наградувана на многубројни фестивали, творештво кое е вброено во наше национално музичко богатство.   Тој е автор на музиката за многубројни играни, документарни и анимирани филмови, ТВ-филмови, серии и драми, над 60 театарски претстави и автор на музиката за филмовите „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Хај-фај“ и други.

„Во овие нешто повеќе од 50 изминати години имав можност да работам во голем број значајни проекти како во поранешните републики од некогашната заедничка држава, така и надвор од неа и имав чест и задоволство да запознаам голем број уметници од различни културни средини. Секој од нас во заедничката работа оставаше специфичен белег од милјето на културата на која и припаѓа. Богатство на разноликоста“,  додаде Константинов.

Љупчо Константинов во 2019 година ја доби наградата „Голема ѕвезда“ на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а пролетва ја доби и наградата „Златен објектив“ за 2023 година, која ја доделува Кинотеката на Македонија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе