Иако жали што се повлекоа, вицепремиерката Грковски ги разбира невладините од Блупринт групата кои ги напуштија работните групи за новиот Kривчниот законик и Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Грковска која претседава со работната група за законот за конфискација на имот во граѓанска постапка вели дека иницрала граѓанскиот сектор да бидат вклучен во процесот во првиот момент кога се формализирала работната група и сите анализи и докумнети им биле доставени. Најголем дел од сугестиите и забелешки што ги дале од булупринт групата пред да си заминат, биле вградени во законското решение. Во однос на измените на КЗ, Грковска вели тоа е друг процес кој не е поврзан со законот за кој е таа одговорна
„И вие знаете дека јас и за тоа законско решение изразив резерва и се уште стојам на тоа. Затоа и кажав дека ги разбирам, ја разбирам нивната реакција меѓутоа се надевам дека тоа нема да има влијание на соработката со Кабинетот, заради тоа што забелешките коишто одат во прилог на подобрување на текстот Законот за конфискација во граѓанска постапка најголемиот дел се вградени во драфтот којшто го испративме до ЕК, и ние со сите политики и со сите активности до сега што сме ги преземале како кабинет сме докажале дека никогаш не сме го третирале граѓанскиот сектор како декор, напротив, секогаш сме инсистирале на соработка и нивната контрабуција ни била секогаш важна“, рече Грковска.
7 граѓански организации испртија порака дека со измените на КЗ со кои намалија на казните на трите клучни дела за борба против висок криминал и корупција се озакони хронично неказнување на високи функционери и вршители на јавни функции во однос на Законот за конфискација во граѓанска постапка велат дека многу доцна го добиле текстот на законот и имале само еден месец за да дадат сугестии за подобрување на текстот.
„Не можеме да бидеме декор во работните групи за да го легитимираме процесот и да кажеме дека и невладините организации со експертското знаење биле дел од процесите . Нашето учество треба да е суштински и значително и поради тоа истапуваме од процесите за двата закони. Коментарите што ги имавме за законот за конфискација ги дадовме толку колку што имавме време за да изанализираме затоа што едне месец не се завршува еден закон а од друга страна посочивме и дека концептуално предлог законот треба да се измени во консултација со експерти“, изјави Тона Карева од Хелсиншки комитет за човекови права во вчерашната Топ тема на Телма.
Од Блупринт уште во понеделникот порачаа, доколку постои намера преку намалените казни во Кривичниот законик да дојде до застареност на кривичното гонење, а преку Законот за конфискација во граѓанска постапка да се создаде привид дека ќе се одземе нелегално стекнатиот имот, тогаш се работи за пристап со кој не се согласуваат.
Елена Ивановска Мукоска