Вести Економија Топ вести

Граѓаните со месеци се борат со скапотијата, владата ги убедува за ваше добро е ДДВ-то да порасне за производите кои се штетни за здравјето

За граѓаните е се поскапо, а пазарењето е се потешко. За властите пак мерките против високите цени даваат резулатите и инфлацијата паѓа.

Отакко се вивна  ДДВ од 5 на 10 отсто за околу 1.000 производи, владиното трио премиерот Ковачевски, вицепремиерот  Битиќи и министерот  за економија Бектеши денеска излегоа со уверување дека  тоа нема да биде нов удар за семејниот буџет.  Тврдат дека  листата на продукти кај кој се качи ДДВ то била вниматело правена. Според, Премиерот станува збор за производи кои се луксузни и кои и не се така добри за здравјето на луѓето.

Но,  можно е  поради технички грешки да има корекции во листата која утре ќе се разглед ан авладина седница.

Од Владата не заборавија уште еднаш  да повторат дека Македонија има  најниско ДДВ во целиот регион, а мерките против поскапување помогнале да се намалат цените  на произвдоите кој најповеќе се користат Граѓаните пак  имаат друга слика во однос на цените – далеку поразлична од онаа владината. Велат скапо е, а намалување не забележале дека има.

На листата производи кои се со зголемено ДДВ опсвен перките од ајкула и масото од ирвас се најдоа и многуд руги рподукти кои  граѓаните ги купувата и не се така луксузини, како  зачините, просото, лутеницата, цвеклото, гризот и други.

Во септемри споредено со септември лани инфлацијата е згоелема за 6 , 6 отсто. и е за нецели два проценти помала во однос на август. Минатиот месец најмногу поскапеле, јајцата, сирењето, месото. За овие производи  на средината на месецот се доенсе мерка нивните цени да се замрзнат,. Раст е регистриран и кај шеќерот , џемот, медот,  чоколадата, кафето, чајот, какаото, рибата, морските плодови, лебот, житата. Дел до овие производи пак се најдоа на новата листа и се даночат со зголемено  ДДВ од 10 отсто. Но, властите цврсто стојат на ставот дека нивните цени.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе