Вести Македонија Топ вести

Блупринт групата крева раце од процесот на изработка на новиот Кривичен Законик

Не сакаат да служат како декор во работните групи за законски измени ниту да даваат легитимитет на процеси со кои не се согласуваат.  7 те невладини од Блушринт групата за реформи во правосдуството  се повлекоа од изработката на новиот КЗ  и ја напуштијаи работната група за законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Порачуваат дека со измените на КЗ со кои намалуија на казните на трите клучни дела за борба против висок криминал и корупција се озакони хронично неказнување на високи функционери и вршители на јавни функции.  Преку дрска злоуптреба на европското знаменце  и со заобиколување на работната група и стручнатаната јавност на мала врата се протнаа овие измени порачаа невладините

Со оглед на целосната состојба каде се дава легитимет на нелигитимното, Блупринт групата нема да учествува во процеси во кои правото и правниот систем се извртуваат и злоупотребуваат, личниот интерес на поединци – го надминува јавниот интерес и општественото добро, а политички цели и интереси – се издигнуваат над темелните вредности.

Доколку постои намера преку намалените казни во Кривичниот законик да дојде до застареност на кривичното гонење, а преку Законот за конфискација во граѓанска постапка да се создаде привид дека ќе се одземе нелегално стекнатиот имот, тогаш се работи за пристап со кој суштински и концептуално не се согласуваме

Невладините не биле известени ниту зошто се брзало со спорните измеи ниту кој ги напишал. Но интересен е фактот дека подготовката на целосно новиот КЗ е пред крај а власта не го почека.

Работната група овие денови ќе го затвори и по затварањето на финалниот текст ќе биде предаден во Министерството за правда а потоа во Владата. Очекуваме дека за помалку од еден месец и до крајот на октомври ќе биде финализиран текстот.

Измените на кз ќе ја чинат државата милионски суми за исплаќање на штети и трошоци во постпаките во кои има застарување се првичните проценки на невладините

Од министерството за правда со одговор до Блупринт групата – дека не треба да избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група. Го повторуваат ставот на министерот Лога дека работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во последните измени и истакнуваат дека придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат.

-Процесот на изготвување на новиот КЗ е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство. Оваа обврска произлегува исто така и од Билатералниот скрининг со ЕУ за донесување на комплетно нов КЗ усогласен со меѓународните стандарди стои во соопштението од министерството.

 

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе