Вести Македонија Топ вести

Девет туристи од Велес, евакуирани од Тел Авив со специјален лет на албанската Влада

Според информациите на македонското МНР од пријавените граѓани, деветте туристи кои доаѓаат од Велес, биле прифатени во специјалниот лет на владата на Албанија за евакуација од Тел Авив и наскоро се очекува да слетаат во Тирана, од каде претставници од нашата амбасада ќе ги префрлат со организиран транспорт кон дома.

Претходно, седум македонски државјани, туристи кои беа затечени во Витлеем, успешно ја минаа границата со Јордан, каде беа прифатени од нашата почесна конзулка. Сега се на безбедно и во наредните денови се очекува нивно упатување кон дома. Утрово, четиричлено семејство затекнато во Тел Авив, преку комерцијален лет се упати кон Истанбул, од каде исто така ќе го продолжи патувањето кон дома.

„Амбасадата во Тел Авив останува во контакт со сите останати наши државјани кои се имаат пријавено и побарале асистенција при нивното напуштање на Израел. Меѓу нив се и 11 градежни работници кои се затечени во Рамала на Западниот Брег“, соопшти МНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Нацистички знамиња во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Дејан Дејан

(Видео) Пламна мотор на авионот кој стоеше на писта во САД, евакуирани 300 луѓе

Дејан Дејан

Мозочен удар кој довел до срцев застој – Ватикан ги соопшти причините за смртта на папата Франциск

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе