Вести Економија Топ вести

МЕПСО смени неколку директори но никој не успеа да го наплати долгот од трговците со струја, а нови фирми трупаат и нови долгови

За повеќе од година ипол, Мепсо успеал да наплати одвај 30 отсто од вкупниот долг на трговците со струја. Тие во касата на преносниот систем треба да вратат 14 милиони евра. Но, досега од нив наплатени се само 4 милиони евра. За овој долг  Државниот ревизор во својот извештај констатираше  дека  Управниот добор во компанијата го отпишала. Од Мепсо пак и во вчерашниот допис до Телма повторно тврдат дека не е отпишан, туку е направена резервација на средства за да се прикажат пореални финансиски резултати. Сепак, признаваат дека имаат потешкотии да ги наплатат парите.

Долгот  треба да го вратат три фирми– трговци со стурја. У Повер, Енергија гас и Повер и Мист Енерџи. Тие на Мепсо му должат милиони за балансираната енергија. Односно за нив се влечеше струја од системските резереви која не ја плаќаа. Па, така наталожија милионски долг, а потоа добија и забрана да тргуваат со електрична енергија. Но, некои неколку пати го променија името на компанијата  и пробаа да опстојат  на пазарот, но не успеа. Тоа се случи со Мист Енерџи. Прво го промени во Мист Енерџи Еко, а потоа стана  Блесм Поуер Плус. Но, од пред неколку дена МЕМО го суспендира Блесм Поуер од пазарот со струја и тоа до крајот на годината, откако добил известување од Мепсо дека со Блесм  е раскинат договорот за балансна одговорност. Првично добил опомена и рок до кој требал да ја регулира својата балансна одговорност. Но бидеќчи не го сториле тоа, компанијата е добила суспензија.

МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 29.09.2023 година донесе одлука за суспензија на учесникот на пазарот на електрична енергија од 01.10.2023г. Согласно законските одредби, доколку БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС пред истекот на оваа времена суспензија не ја регулира својата балансна одговорност, да потпише договор за балансна одговорност со АД МЕПСО или да склучи договор со друга балансно одговорна страна за влез во нивната балансна група, истиот ќе биде трајно суспендиран од пазарот на електрична енергија, велат за Телма од МЕМО.

Во Мепсо пак изминативе две до три години, се сменија неколку директори. За време на кризата со компанијата раководеше Куштрим Рамадани, потоа дојде Орхан Муртезани, но по извесно време во директроската фотеља седна Сурија Рушиди, а по само неколку месеци беше назначен Зуди Ензу Кока. Интересно е и тоа што Мепсо врати директор, кој претходно бил разрешен од истата позиција со отпремнина.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе