Вести Економија Топ вести

Бесими: Милион евра фискалниот ефект од намалените царински давачки, но ќе влијаат за пониски цени

Милион евра се очекува да изнесува негативната финансиска импликација врз Буџетот со владината одлука за намалување на увозните давачки на одредени видови овошје и зеленчук, но со неа, според министерот за финансии Фатмир Бесими, значително ќе се влијае на цените на овие производи.

Одговарајќи на новинарско прашање колкави негативни ефекти врз Буџетот има укинувањето на овие давачки, Бесими денеска изјави дека клучно било намалувањето на цените, а не буџетските финансиски импликации.

Главната цел беше да се влијае на цените на овие производи за да бидат пониски на пазарот, а фискалните давачки не беа приоритет особено поради фактот што се работи за автономни мерки со времено траење. Сметавме дека ќе се влијае директно позитивно на пазарот затоа што вкупните давачки, и царински и даночни, за овие производи достигнуваат 65 проценти и сметавме дека таму ќе има позитивно влијание. Но, фискалните импликации се помалку поради МФН правилата на повластени тарифи, согласно Светската трговска организација во голем дел имаме нула тарифа, а во некои имаме и квантитативни мерки. Според некои првични проценки од тоа што го гледавме нема да достигне милион евра вкупниот фискален ефект од овие мерки, а во стопанството во нашата економија значително ќе влијае на цените на овие производи, изјави Бесими по потпишувањето на Фискалната спогодба за ИПАРД 3.

Прашан како се доведовме во ситуација субвенционирано овошје и зеленчук да се извезува, а истите трговци да увезуваат поскапо овошје и зеленчук, министерот Бесими посочи дека сме либерална економија со обврски согласно членството во СТО, кандидатскиот статус за ЕУ и Договорот за стабилизација и асоцијација.

По основ на тие меѓународни договори сме земја која е со слободна трговија на овие производи, вклучително и дел од земјоделските производи.  И во текот на 2021 година имавме закон со кој за голем дел од производите беа намалени царинските давачки, така што и во овој дел тоа е во однос на интеграциите. Но, во однос на субвенциите главно е поддршка на домашното производство и во рамки на меѓународни договори даваме можност со автономни мерки на пазарот да влезат производи со пониски крајни цени на потрошувачи, рече Бесими.

Трговците, дополни тој,  покрај тоа што се носат од мотивацијата за зголемување на профит сепак ако цените беа поволни треба да се понудат на домашниот пазар. Од формален аспект не можеме да ограничиме затоа што сме обврзани со  меѓународни договори во однос на интеграција на пазарите, но во другиот дел  гима и доста мерки и активности што Владата ги презема, за ограничување на маржите, како и гарантирање на цените кои се времени мерки. Овие се административни мерки, но се поддржани со многу други мерки за ефектот врз трговците да не биде директен на штета на нивниот бизнис и функционирање, но сепак како Влада одговорни сме цените да не влегуваат во фазата на шпекулативни цени кои ќе значат повисоки цени за нашите граѓани, потрошувачите,  изјави Бесими.

Тој очекува  утре на пленарна седница да се изгласа Предлог одлуката за прераспределба на средства во Буџетот, со која се предвидени 4,5 милијарди денари за антикризни мерки.

Владата ќе излезе со конкретен предлог,  како и досега субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата, а ќе има и мерки за поддршка најранливите категории на граѓани, но и поддршка на стопанството. Една од мерките за поддршка на стопанството е и зелената обврзница во износ од 10 милиони евра за која минатата среда беше објавен проспектот, а оваа среда ќе има аукција. Средствата ќе одат во Развојната банка за поддршка на стопанството за обврски и кредити за енергетска ефикасност, изјави Бесими.

Најави дека во текот на годинава за стопанството ќе станат оперативни и 100-те милиони евра што се обезбедени од Европската инвестициска банка, како и дополнителни 50 милиони евра за мали и средни претпријатија за поддршка на зелена транзиција и на жени претприемачи.

Веќе се прават мерките, Владата ќе излезе со конкретниот пакет и во наредниот период ќе се знае кои мерки ќе бидат презентирани, рече министерот за финансии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе