Вести Економија Топ вести

Бектеши се закани со намалување на давачките за увоз ако трговците ги одлеваат домашните производи на странските пазари

Граѓаните добија гаранции за поефтин зеленчук и овошје од денеска, а трговците порака од ресорниот министер Крешпник Бектеши да го намалат извозот на овие артикли кои се произведени со маката на домашните производители и субвенциите од државата.

Во спротивно Бектеши се закани дека ќе ги намали давачките за увоз и ќе им создаде конкуренција во корист на купувачите. Ставот на Бектеши доаѓа откако анализите покажале дека цената кај земјоделците не е скокната, а препродавачите откупувале по багателни цени и ги хранеле пазарите од регионот.

Офанзивата купи дома- продај во странство е засиелна од јули. Па заради енормните ставки за увоз, домашните тргоци со овошје и зеленчук царуваат со овие артикли, и ако не ги извезуваат тогаш ги нудат по огромни маржи во домшната продажна мрежа.

Од стопанската комора без дополнителни објаснувања, но со истата порака до владата, да престане да носи мерки на своја рака и да се пресметува со бизнисот.

Откако владата синоќа дозволи гарантирани пониски цени и за пијалоците, се поголем број домашни компании за безалкохолни пијалоци се понудиле самостојно да понудат 10 отсто пониски цени за и тие да ја добијат црвената ознака на рафтовите во маркетите.

Павле Беловски 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе