Вести Македонија Топ вести

Обвинителката во Титаник во завршен збор ќе го повлече обвинението за злосторничко здружување, судењето продолжува зашто обвинетите одговараат и за други кривични дела што не застаруваат

Судењето за Титаник за изборните нерегуларности продолжи со сослушување на сведоци, но ниту обвинителката, ниту одбраната не го отоври прашањето за застарување на делото „злосторничко здружување“.

Адвокатите ги премолчеле измените затоа што, велат дека кај судот нивниот предлог нема да промени ништо, бидејќи  застареност на некое криивчно дело не може да се констатира на среде судење туку само по иницијатива на обивнителството. Затоа, обвинителката Лиле Стефанова пак објасни дека ќе се произнесе во завршниот збор. Тогаш ќе го повлече обвинението за залосторничко, а судот ќе констатира во пресудата. Според Стефанова судењето за Титаник во секој случај треба да продолжи и нема да има дополнителни трошоци затоа што сите обвинети одговараат и за други кривични дела кои се поврзани со изборите и кои не се засегнати со измените на КЗ.

Делото кое застарува, „злосторничко здружување“, за кое максималната казна затвор од десет години, со измените е намалена на до максимум три години затвор, со што ова дело застарува за поранешниот премиер Груевски и поранешниот генерален секретар на Влада, Божиновски.

За ова дело по старите казни осудени се министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска како и поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер. За 14-мина обвинети пак, делото застаре во 2020 година, бидејќи беа ставени во групата припрадници на злосторничкото здружување.

Но, на обвинетите се уште им се суди за делата „повреда на избирачкото право“, „повреда на слободата на определување на избирачите“, „поткуп при избори и гласање“, „уништување изборен материјал“ и „злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе