Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Смета дека пациентите така ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции.
На денешниот брифинг со медиумите, министерот Меџити информира дека има пациенти кои се обраќаат до Министерството за здравство, а потоа ги препраќаат до Обвинителството.
Министерството за здравство има отворено интерни истраги околу злоупотреба на правата на ппациентите и испитува дали и како се злоупотребува системот „Мој термоин“ особено во делот со хируршките зафати… Се уште се разгледува опцијата за враќање на КАТО системот на клиниката за онкологија, а од утре ќе почне да се демонтира еден акцелератор кој не е во употреба… Планот на здравство е да ги дисперзира овие уаслуги за да не мора тешко болните пациенти да патуваат до Скопје, изјави Меџити.