Најавеното покачување на цената за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови во Скопје нема да се реализира, откако денеска Државниот Студентски Дом „Скопје“ на седницата на Управен Одбор донесе одлука да нема промена во цената.
Како што соопштија од Државниот Студентски Дом „Скопје“, во координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири, по реакцијата на студентите била донесена оваа одлука, па така наместо предвидените 3.945 денари, студентите ќе плаќаат 3.645 денари, исто како претходните години.
Одлуката за покачување на цената за сместување и храна во студентските домови предизвика низа реакции.
Од МОН порачаа дека нема да доволат покачување на цените за сместување преку самоволие и непочитување на прописите.
Ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување и на студентите избрани преку јавно објавени конкурси да им наплатува различен износ од утврдениот во Програмата – се вели во соопштението.