Во скопската населба Илинден гори стрниште позади хотелот „Белви“, а густиот чад се гледа и од Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи.
Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов запалена е трска, а на терен е екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.
Чадот и пепелта која паѓа од воздух може да се забележи во некои скопски населби како што се Автокоманда и Ново Лисиче. Жителите се жалат дека поради загадениот воздух не можат да отворат прозори, а видливи се и остатоци од чад, односно саѓи.
Ангелов тврди дека не се загрозени околните куќи.