Вести Македонија Топ вести

Блинкен: САД и натаму ќе стојат зад Северна Македонија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија. Во честитката, Блинкен ја истакнува поддршката на САД за натамошно разивање на партнерските односи, за просперитет и интеграција на земјава во ЕУ и за промоција на владеењето на правото.

– Во име на Соединетите Американски Држави, му честитам на народот на Северна Македонија на прославата на 32 години од независноста. Соединетите Американски Држави ја поддржуваат Северна Македонија во спроведувањето на реформите за интегрирање во Европската унија и воспоставување уште посилни односи со соседните европски земји.

Северна Македонија направи големи чекори за да обезбеди просперитет на сите нејзини граѓани додека се соочува со глобалните предизвици, а ние стоиме со вас во вашите напори да го промовирате владеењето на правото. Со нетрпение очекуваме да го зајакнеме нашето партнерство со Северна Македонија и да ги унапредиме нашите заеднички демократски вредности во годините што доаѓаат, се наведува во честитката од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, што ја објави Стејт департментот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе