Вести Македонија Топ вести

Меџити со стручниот колегиум на Онкологија: Терапијата е соодветна, нема никакви злоупотреби со лековите

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово на Универзитетската  Клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) присуствуваше на стручниот онколошки колегиум, кој се одржува еднаш неделно, односно секоја среда во месецот.

Министерот Меџити со лекарите разговараше за воспоставениот систем на работа на Клиниката, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елеминирање на какви било злоупотреби со терапиите.

Клиниката за онкологија нов начин на работа има воведено од ноември лани, каде конзилиум од 12 раководителите на оддели ги разгледуваат историите на пациентите на кои им е индицирана аппликација на биолошка терапија и заеднички се одлучува дали има основa пациентот да прима одредена терапија. На овој начин е исклучена можноста за евентуални злоупотреби односно поединечно носење одлуки за биолошката терапија.

За аплицирање на назначената терапија, постои уредна евиденција во амбулантниот дневник коі се води во дневната болница.

На Клиниката се води и електронска евиденција за контрола на секој лек кој влегува на Онкологија. Во електронската евиденција на УКРО за секој лек постои ,,картица на артикл”  кој ги содржи следните податоци: име и презиме на пациент, број на евидентиран преглед, датум на преглед, датум на апликација на лек, количина на лек.

Министерот на состанокот упати апел за максимална посветеност на лекарите кон пациентите, со оглед на случувањата поврзани со Онкологија кои иако се случувале во минатото, сепак е оправдана грижата на пациентите и нивните семејства.

Лекарите на состанокот побараа да бидат заштитени од генерализирање на одговорност и од јавниот линч, бидејќи професионално и посветено работат, што е показател за многу излекувани пациенти и спасени животи.

По средбата со стручниот колегиум министерот Меџити на Клиниката оствари средба со повеќе пациенти со кои разговараше дека не треба да се сомневаат во квалитетот на терапијата и професионалноста на лекарите на Онкологија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе