Вести Економија Топ вести

Цените до плафон, мерки само во најава

Ќе се делува на поскапувањето, но со какви мерки  министерот Бектеши не откри. Повторно само најави дека ќе бидат донесени,  или до крајот на оваа или на почетокот од идната недела. Го чека и неговиот колега, министерот за финансии Бесими, да заврши со ребалансот на буџетот. Дали ќе има  ограничување на маржите, не прецизираше. Рече дека секојдневно добивал анализи од пазарниот инспекторат. Што точно пишува во нив не кажа, но тие биле  важни за креирањето на  мерките.

-Маржите лесна работа е да се ограничат. Можеме сега да седнеме на  седница на Влада и да ги ограничиме. Но, ние сакаме дирекно да ги поддржиме ранливите категории на граѓани, затоа што поминавме тешка година, вели министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши испрати порака и до производителите на леб. Ако ја покачат цената ќе се соочат со мерки.

-Јас во неколку наврати сум ги повикал производителите на леб, особено оние во Скопје тие 4 до 5 компании, кои се најголеми и тие добро знаат што може да им се случи ако ја зголемат цената, додава Бектеши.

Изминатиот период, цените значително се зголемија. Каде е вината, дали кај трговците или кај производителите властите  чекаат реакција од Комисијата за заштита на конкуренција, до која вицепрмиерот Битиќи, рече дека тој лично ќе достави преставка за да можат да постапат и да проверат дали фирмите картелски се договараат за цените. Месецов над 1.000 производи  ќе добијат и повисоко ДДВ, а се очекува и млечна криза. Поради недостатокот на млеко, Битиќи најави одлуки, но како ќе се делува никој не знае.

Ирена Чачкова 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе