Вести Свет Топ вести

Владата на Грција со дронови и сензори за температура ќе се справува со пожарите, во регионот Еврос за две недели изгореа речиси 100 илјади хектари

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека ќе лансираат дронови и ќе постават шумски сензори за температура за да се подобри превентивното гаснење пожари, откако се соочи со големи критики од климатските активисти за разорниот пожар во регионот Еврос, кој гори веќе две недели.

Вкупната површина изгорена од шумскиот пожар во областа надминува 93.500 хектари, според сателитски податоци од Службата за брзо мапирање Коперник на Европската комисија обработени од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метето, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот во Еврос веќе 16 дена е вон контрола, а денеска активни се две жаришта. Во гаснењето интервенираат 582 пожарникари со 122 возила, 16 пешадиски тима, осум авиони и два хеликоптери.

Летните шумски пожари се вообичаени во Грција, но владата кажа дека екстремните суви, жешки и ветровити услови, што се поврзуваат со климатските промени, ги направиле многу полоши оваа година.

Екологистите ги обвинија грчките власти дека повеќе пари трошат на гаснењето отколку на превенцијата. Мицотакис возврати дека оваа година биле потрошени десетици милиони евра на спречување пожари, но тоа очигледно не било доволно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Енрике Лејче: „Харвард“ можност да запознаете прекрасни луѓе од цел свет

Дејан Дејан

КОД: Трае истрагата за Крмзов

Дејан Дејан

Попусти за оние кои разумно трошат струја и сами си ги читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе