Вести Свет Топ вести

Трамп: Не се плашам да одам во затвор, имам повеќе поддржувачи од кога било

оранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не се плаши да заврши во затвор бидејќи, како што наведе, кривичната постапка против него е лажна.

Мислам дека тоа нема да се случи. Секој случај е измама, рече Трамп во разговор со водителот Глен Бек.

Тој додаде дека го прогонуваат „лоши и болни луѓе“.

Сега имам повеќе поддржувачи од кога било, рече Трамп.

На прашањето на новинарите дали жали што не ја уапси Хилари Клинтон додека беше претседател и дали ќе апси луѓе доколку се врати во Белата куќа, Трамп рече: „Одговорот е дека немаме избор бидејќи тие ни го прават тоа на нас“.

Против поранешниот американски претседател годинава се поднесени четири обвиненија, од кои две се однесуваат на наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе